Достапни линкови

Заев ќе продолжи со објавување на „бомбите“


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска ја посети Дива населба во Куманово, која беше нападната од терористичка група во изминатиот викенд. Тој порача дека полициските сили професионално си ја завршиле работата и биле крајно внимателни со народот. Заев изјави и дека ќе продолжи со објавувањето на „бомбите“ и дека се подготвени за протестот в недела. Според него, партијата вечерва ќе заседава и ќе донесе стратегија како ќе бидат објавувани. Заев уште еднаш побара оставки од надлежните и формирање преодна влада, која ќе треба да организира избори.

XS
SM
MD
LG