Достапни линкови

Курц ќе бара Советот на ЕУ да дискутира за Македонија


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска изрази загриженост поради ескалацијата на насилствата во Македонија. Тој порача дека на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе побара да се разговара за актуелните случувања во Македонија. Курц за тоа го информирал и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Тој апелира и сите страни да покажат воздржаност, а Владата и опозицијата во Македонија ги повика на соработка.

Според него, настаните треба да се сфатат како „повик за будење“ и ја нагласи потребата за напредок во надминувањето на внатрешно-политичката криза. Тој, како што наведува австриската новинска агенција АПА, побарал и целосна и транспарентна истрага за случувањата.

XS
SM
MD
LG