Достапни линкови

ОН повикаа на воздржаност и истрага за настаните


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изрази загриженост за инцидентот во Куманово и повика на воздржаност и да не се прибегнува кон реторика или постапки кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите. Тој притоа упати и сочуство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата.

Ки Мун порачува дека силно ги поддржува повиците на Европската Унија и други членки на меѓународната заедница кои ги повикуваат властите и сите политички и други водачи да соработуваат за да се врати стабилноста и целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин.

XS
SM
MD
LG