Достапни линкови

Соборен авион на коалицијата во Јемен


Остатоци од соборениот авион во Јемен.

Остатоци од соборениот авион во Јемен.

Шиитските бунтовници соопштија дека собориле борбен авион на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен. Претходно Мароко соопшти дека еден од нивните воени авиони исчезнал за време на мисија. Авионот бил соборен над Вади Нашур во градот Сада, кој е засолниште на бунтовниците. Медиуми објавија слики од племенски лидери како слават околу остатоците на авионот. Тоа е првиот авион на коалицијата кој бил соборен во Јемен откако траат борбите во изминатите шест недели.

XS
SM
MD
LG