Достапни линкови

Нападнат турски брод во Либија, убиен капетанот


Турското министерство за надворешни работи соопшти дека капетанот на еден карго брод бил убиен, а неколку членови на посадата повредени кога биле нападнати на либискиот брег. Според министерството, бродот пловел од Шпанија, а бил нападнат на пристаништето Тобрук. Врз бродот бил отворен артилериски оган од копно но исто така бил цел и на воздушни напади.

XS
SM
MD
LG