Достапни линкови

logo-print

Столтенберг-НАТО одблиску ја следи ситуацијата во Македонија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Брисел дека на состанокот на ниво на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите-партнери на НАТО при крајот на неделава во Анталија ќе се разговара и за нападот во Куманово. Тој додаде дека е охрабрен од фактот што сите избрани политички лидери во земјата го осудиле насилството и повика сите да останат мирни. Тој порача и дека се радува што е избегната ескалација на ситуацијата, при што македонската полиција била подготвена и се справила со ситуацијата, но за жал со загуби.

Столтенберг посочи и дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија и повика на транспарентна истрага за нападот со цел да се превенира нешто слично да не се случи повторно и да нема повеќе употреба на насилство.

XS
SM
MD
LG