Достапни линкови

Хан со три пораки за Македонија


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјави денеска дека има три пораки за Македонија. Првата, според него е дека сите се загрижени за тоа што се случи во изминатиот викенд, второ дека ги повикува сите инволвирани страни и политички партии да соработуваат за разјаснување што тоа се случи, кој е одговорен и да дејствуваат навистина обединето за прашањето. Хан како трето порачува и дека настанот не може и не треба да го сврти вниманието од сериозната политичка ситуација во земјата и ја повикува власта и опозицијата да ја решат кризата и да започнат да соработуваат.

На настанот, како што нагласува Хан не треба да се гледа како на можност да се напушти решението за фундаменталниот проблем со кој се соочува земјата и секако нападот не треба да се користи за дополнително комплицирање на ситуацијата и создавање меѓуетнички тензии. Хан порачува дека одговорните луѓе во Македонија и сите останати земји во соседството треба да реагираат посветено, обединето и одговорно.

XS
SM
MD
LG