Достапни линкови

Загриженост на земјите од Балканот за ситуацијата во Македонија


Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар - Китаровиќ изјави дека е загрижена за судирот во Македонија и изрази сочуство до македонските државјани и на семејствата на загинатите во последните денови. Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, изјави дека постои потреба полицијата на Република Српска да остане во зголемена готовност заради терористичкиот напад во Куманово, бидејќи не може да се исклучи можноста ситуацијата од Македонија да се прелее надвор од нејзините граници, па и во БиХ.

Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека земјата е загрижена за случувањата во Куманово и се надева дека ќе биде избегната натамошна ескалација. Од министерството ги повикаа сите политички фактори на одговорно однесување во името на стабилноста на Македонија и регионот. Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, побара брза истрага и доведување на извршителите на терористичкиот напад во Куманово пред лицето на правдата. Тој на Твитер изрази и загриженост за настаните во Македонија, порачувајќи дека такви напади се неприфатливи за Европската унија.

XS
SM
MD
LG