Достапни линкови

Турскиот премиер Давутоглу накратко во Сирија


Турскиот премиер Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу на кратко време влезе во Сирија за да го посети гробот на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската империја. Овој потег веднаш предизвика критики од официјален Дамаск кој оцени дека тоа било акт на агресија. „Инфилтрацијата на Давутоглу во територијата на Сирија без дозвола од владата е јасна агресија против суверенитетот на една членка на Обединетите нации и кршење на меѓународното право“, се наведува во соопштението. Гробницата беше преместена во февруари кога турски војници влегоа длабоко во Сирија. Сега таа се наоѓа на 200 метри од турската граница со Сирија.

XS
SM
MD
LG