Достапни линкови

Втор ден на жалост во Македонија


Во Македонија денеска е вториот ден на национална жалост за осумтемина загинати полицајци во акцијата против вооружени лица во Куманово. Знамињата се на половина копје додека сите спортски и политички собири се откажани. Денеска во 18 часот во Скопје со свеќи во рацете, во црна и бела облека како симбол на тага по загинатите полицајци, граѓаните и активистите кои неколку денови протестираат во Скопје ќе се соберат пред владата. Најавено е дека притоа ќе соопштат единствена порака која ќе ги обединува сите, а ќе допре до политичарите кои ја водат државата.

XS
SM
MD
LG