Достапни линкови

Иванов - предолго нема политички дијалог


Седница на Советот за безбедност по настаните во Куманово.

Седница на Советот за безбедност по настаните во Куманово.

На седницата на Советот за безбедност се изрази најостра осуда за нарушувањето на безбедноста на земјата, чија цел е дестабилизација на Македонија, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов, по завршувањето на седницата, на која освен членовите, беа повикани и претставници на ДУИ, СДСМ и ДПА. Иванов вели дека за заклучоците од седницата на Советот, јавноста ќе биде наскоро информирана. Претседателот вели дека сите институции работеле согласно нивните надлежности и се презела акција која имала за цел да спречат и цивилни жртви. Заради тоа беа претрпени човечки и материјали жртви, рече Иванов.

„Ова група нема поддршка ниту во Македонија, ниту во регионот, знаевме дека е сочинета од екстремни криминални поединци со добри вештини, не ги потценивме во ниту еден момент да извршат терористички напад и затоа беше во толкав обем акцијата и затоа, за жал, плативме и со толкава цена“, рече Иванов.

Тој вели дека за активностите на групата бил запознаен уште на почетокот на годината, по што земјава писмено ги известила партнерските служби за безбедност од 17 земјите на ЕУ и НАТО, но тоа не дало резултати. Претседателот вели дека ова што и се случува на земјата овие два дена е она на што тој предупредил при неговото обраќање во ОН.

„Скапо ќе платат за тоа што се обидоа да сторат на Македонија. Нема да дозволиме ескалирање на состојбата“, рече Иванов.

Политичкиот дијалог предолго го нема. Крајно време е лидерите на политичките партии да почнат да разговараат за надминување на политичката криза, рече Иванов. Тој рече дека е за пофалба присуството на лидерите и претставниците на партиите на седницата на Советот за безбедност. „Одговорност за состојбите во Македонија мора да има и за сето она што е сторено и за сето она што не е сторено, а требало да се стори“, рече Иванов.

XS
SM
MD
LG