Достапни линкови

Заедничко соопштение на ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО за настанот во Куманово


Силно веруваме дека не смее да се дозволи овој настан да им наштети на односите во општеството. Исто така, се надеваме дека ова ќе биде моментот во кој лидерите на земјата заеднички ќе се ангажираат во дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја и долготрајната политичка криза и неопходните реформи. Ова се наведува во заедничкото соопштение од Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на НАТО во земјава во однос на последните случувања во Куманово.

„Официјалните политички претставници овде и во регионот го осудија насилството. Тоа го зајакнува нашето разбирање дека вооружената група во Куманово е изолиран феномен“, се вели во соопштението.

Воедно, во соопштението се изразува „длабоко жалење за загубените животи во операцијата во Куманово, која за среќа е завршена.

„Нашите мисли се со семејствата на полицајците кои беа убиени во операцијата и со граѓаните кои беа засегнати од насилството“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG