Достапни линкови

ОБСЕ: Враќање на безбедноста од суштинско значење


Амбасадорката Мариане Берец, Вршител на должноста Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изразува искрено сочувство до семејствата и најблиските на полицајците кои ги загубија животите за време на настаните во Куманово и им посакува брзо оздравување на сите повредени. Враќањето на безбедноста е од суштинско значење, а прецизното објаснување на настаните преку темелна истрага на надлежните органи, ќе помогне во тоа. Мисијата на ОБСЕ во Скопје апелира до сите да останат смирени. ОБСЕ е подготвена да ги поддржи напорите во насока на решавање на ситуацијата на мирен начин и спречување на натамошна ескалација.

XS
SM
MD
LG