Достапни линкови

Почна Седницата на Советот за безбедност


Почна седницата на Советот за безбедност во проширен состав што претседателот на државата Ѓорге Иванов ја свика по нападот во Куманово. На седницата, покрај претседателот Иванов, присуствуваат претседателот на републичкото Собрание Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на СБ Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини. Од Кабинетот на Претседателот информираат дека Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повикал и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи. Заев е присутен на седницата. На местото на Ахмети од ДУИ присуствува Талат Џафери, а Имер Алиу место Тачи од ДПА. Најавено е по состанокот претседателот Иванов да се обрати до граѓаните на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG