Достапни линкови

Груевски - Разбиената терористичка група планирала масовни убиства


Архивска фотографија.

Разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија со напади врз различни цели како шопинг молови и спортски натпревари со што можело да дојде до убиство на 8 илјади луѓе, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Тој рече дека полицијата ја имаше досега најтешката, најсложена и најкомплицирана операција која била водена крајно одговорно, професионално и посветено. Груевски рече дека во акцијата учествувале полицајци од сите етнички и верски заедници.

XS
SM
MD
LG