Достапни линкови

logo-print

Завршена операцијата во Куманово, најмалку 14 убиени терористи


Прес-конференција во МВР на Иво Котевски.

Прес-конференција во МВР на Иво Котевски.

Полициската операцијата во Куманово е завршена, а терористичката група која беше стационирана во неколку објекти во кумановската Дива населба е целосно неутрализирана и елиминирана, соопшти попладнево портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Во акцијата загинале осуммина полицајци, а 37 се повредени. Котевски рече дека досега нема пријавено жртви од цивилното население.

Котевски рече дека биле пронајдени телата на 14 убиени терористи, но по целосна проверка на теренот може да се пронајдат нови тела. На униформите имале ознаки на ОВК.

Котевски рече дека вчера се предадле повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани, но и еден албански државјанин. Тие денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.

Лидери на вооружената група биле Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева, Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато, Сами Ушкини, односно Командант Соколи, Беи Ризај и Дем Шеху. Тројца од нив биле во групата што вчера ѝ се предаде на полицијата.

Котевски рече дека во Куманово е пронајден и голем арсенал оружје.

Според него, ова била една од најопасните терористички групи во регионот. Тие почнале да влегуваат во земјава на почетокот на месецов и се подготвувале кон средината на месецов да извршат напади.

XS
SM
MD
LG