Достапни линкови

Сочувство од СДСМ за загинатите полициски припадници


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска изрази сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили. „Во овие тешки моменти за Република Македонија уште еднаш повикуваме на смиреност и присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и губење човечки животи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

XS
SM
MD
LG