Достапни линкови

logo-print

Одложена наставата во Куманово и помош за граѓаните


Веќе неколку часа во Куманово не се слуша никакво пукање. Претходно три камиони со приколки однесоа полициски возила на кои беа видливи оштетувања. Двете екипи на итната помош од Куманово се уште се лоцирани пред населбата „Тоде Мендол“и забележано е полициско присуство.

По акцијата на полицијата за разбивање вооружена терористичка група денеска кризниот штаб на општина Куманово го задолжи Советот на општината да донесе одлука за престанок на наставата во основните, средните училишта и градинките се до подобрување на безбедносната состојба во градот.

На веќе донесените заклучоци од вчера одржаната седница општината утврдува и прифатилишта за граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ на неколку локации во градот. Станува збор за училиштата „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо, „Кочо Рацин“ во населбата Гоце Дечев и„11 Октомври“.

Општината отвори и кол центри на кои граѓаните од засегнатото подрачје може да се јават и да побараат помош. Броевите се 031 475 800 и 031 475 830.

Општинскиот кризен штаб му препорача на советот на општина Куманово да донесе одлука за одвојување два милиони денари за оваа ситуација.

Општинскиот кризен штаб во соработка со Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Регионален центар за управување со кризи да обезбедат пакети со храна, хигиенски производи за граѓаните од подрачјето.

На седницата на кризниот штаб присуствуваат и претставници од Општата болница Куманово.

XS
SM
MD
LG