Достапни линкови

Јоханес Хан повика на воздржаност


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Еврокомесарот за разговори за проширување Јоханес Хан ги повикува властите и сите политички лидери да соработуваат за да се врати мирот и стабилноста во областа на Куманово. „Длабоко сум загрижен од ситуацијата која е во тек во регионот на Куманово и од можните ранувања и смртни случаи. Ги повикувам властите и сите политички лидери да соработуваат за да се врати мирот, и целосно да се испитаат настаните на објективен и транспарентен начин во согласност со законот. Ги повикувам сите актери да покажат целосна воздржаност. Каква било идна ескалација треба да се одбегнува, пред се во интерес на стабилноста во земјата“, изјави еврокомесарот Хан.

XS
SM
MD
LG