Достапни линкови

logo-print

Седница на Советот за безбедност на Македонија


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, за денеска во 17 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, во проширен состав, соопштено е од Кабинетот на претседателот. Се наведува дека на седницата покрај Иванов ќе учествуваат претседателот на парламентот Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на Советот за безбедност Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини. Претседателот Ѓорге Иванов, како што е соопштено, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и претседателите на СДСМ, ДУИ и ДПА Зоран Заев, Али Ахмети Мендух Тачи. По завршувањето на седницата ќе следува обраќање на претседателот Иванов до граѓаните на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG