Достапни линкови

logo-print

Откажан Скопскиот маратон


Скопскиот маратон предвиден за денеска е одложен, поради безбедносната ситуација.

Од организацискиот одбор посочија дека маратонската трка ќе се оддржи, но ќе се почека со одредувањето на новиот датум.

„Сојузот на спортови на Скопје, како официјален организатор на Виз Ер Скопскиот Маратон, при завршувањето на финалните активности за денешниот маратон, доби телефонска информација од Град Скопје и МВР дека денешната манифестација Виз Ер Скопски Маратон 2015 поради ново настанатата – безбедносна ситуација во државата се откажува“, беше објавено на интернет страницата на скопскиот маратон.

Во слава на загинатите припадници на македонската полиција, дел од учесниците на маратонот утринава истрчаа почесен круг по скопските улици.

XS
SM
MD
LG