Достапни линкови

Нишани апелира на смиреност и почитување на меѓуетничките односи


Албанскиот претседател Бујар Нишани искажа загриженост околу состојбата во Куманово апелирајќи на смиреност и почитување на меѓуетничките односи.

- Претседателот Бујар Нишани со голема загриженост ја следи состојбата во Куманово и нејзиното влијание врз стабилноста во соседната земја и меѓуетничките односи во Македонија. Шефот на државата искажува длабоко сочуство кон сите граѓани на Македонија, независно дали се Албанци или Македонци, кои загубија свои сакани, стои во соопштението од кабинетот на албанскиот претседател Нишани и апелира до сите страни за воздржаност и зачувување на смиреноста.

Тој порачува сите страни многу повеќе да посветат внимание на меѓуетничките односи, почитувањето на охридскиот договор, во превземањето на потребни чекори и активности за смирување на ситуацијата и изведување на виновниците пред лицето на правдата

XS
SM
MD
LG