Достапни линкови

Шестмина полицајци загинаа во судирите во Куманово


Во полициската акција во Куманово за разбивање терористичка група загинаа шестмина полицајци.

Како што потврдија нивните семејства, станува збор за Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово и Ненад Серафимовски (28) од Зубовце, Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски.

Во акцијата се повредени и триесетина полицајци кои се хоспитализирани во кумановската болница и на скопските клиники.

Спорадични истрели од оружје во Куманово и надлетување на хеликопери во Куманово се слушаа во текот на ноќта и изутрината, по што од МВР информираа дека се уште е во тек акцијата за расчистување на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во кумановската „Дива Населбa“.

XS
SM
MD
LG