Достапни линкови

logo-print

Вучиќ испрати телеграма со сочувство до Груевски


Премиерот на Србија Александар Вучиќ упати телеграма со сочувство до премиерот Никола Груевски за настраданите македонски граѓани во престрелката на полицијата со вооружената група во Куманово. Тој истакна дека Србија ги осудува сите обиди за дестабилизација на Македонија и целиот регион.

Министерството за надворешни работи на Србија пак синоќа им препорача на државјаните на Србија да не патуваат во Македонија, поради нестабилната ситуација по пресметката на полицијата со вооружените групи. Српските државјани кои планираат да се враќаат од Грција треба да користат алтернативни правци преку Бугарија, иако таму се можни подолготрајни задржувања на граница, се наведува во соопштението на министерството.

XS
SM
MD
LG