Достапни линкови

По утринските истрели, во Куманово во моментов е мирно


Во моментов во Куманово е мирно и не се слушаат истрели од оружје. Отворен е поголем дел од маркетите во градот. Се уште е затворена една сообраќајна лента на улицата трета Македонска ударна бригада, но на останатите улици во градот сообраќајот се одвива непречено. Забележливо е полициско пристуво во повеќе делови од градот.

Спорадични истрели од оружје во Куманово и надлетување на хеликопери во Куманово се слушале во текот на ноќта и изутрината, по што од МВР информираа дека се уште е во тек акцијата за расчистување на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во кумановската „Дива Населба“.

Акцијата на полицијата започна вчера утрото. Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата.

XS
SM
MD
LG