Достапни линкови

Времето денеска ќе биде променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а дневната од 18 и 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер..

Утринската температура ќе биде околу 10, а дневната ќе достигне до 23 степени

Во понеделник ќе има повремен дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на дневните температури. Од вторник се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

XS
SM
MD
LG