Достапни линкови

logo-print

Во Куманово повторно истрели, ноќта било мирно


Ноќта во Куманово минала мирно, меѓутоа изутринава околу 7 часот од правецот на таканаречената Дива населба повторно се слушнале истрели, а од покривите на неколку куќи се издигнувал чад. Хеликоптери и беспилотни летала постојано го надлетуваат градот, јавува нашиот дописник од овој град. На улиците на Куманово забележително е засиленото полициско присуство, а на влезовите и излезите на Дива населба има полициски контроли.

Расчистувањето на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во „Дивата населба“ во Куманово се уште е во тек, потврдуваат од МВР за МИА.

Инаку, Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука 10 и 11 мај, недела и понеделник, да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово. На Деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе испрати насоки до медиумите за содржината на програмата за време на деновите на жалост.

XS
SM
MD
LG