Достапни линкови

Демонстрантите запрашаа - Зошто молчиш Европо?


Демонстрантите кои протестираат против полициска бруталност, од пред Владата се упатија кон седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, каде скандираа „Зошто молчиш Европо“, „И ние сме Европа“.

Околу стотина граѓани петти ден протестираа пред Владата, барајќи одговорност за убиството на 22-дишниот Мартин Нешкоски од пред четири години. Дваесетина од нив пред почетокот на протестот сакаа да положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите во владиниот двор по повод Денот на победата над фашизмот, но полицијата не им дозволи.

Демонстрантите од Владата се упатија кон седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, за како што рекоа, да ја запрашаат Унијата што прави во врска со воведувањето на диктатура и со погребувањето на демократијата во земјава која е кандидат за членство.

Пред седиштето на ЕУ учесниците во протестот се задржаа помалку од половина час извикувајќи „Зошто молчиш Европо“, „И ние сме Европа“. Тие рекоа дека протестите не смеат да завршат се додека граѓаните не добијат цивилизирана полиција и додека функционерите не поднесат оставки за случајот Нешкоски. Тие за утре во 18 часот најавија нов протест.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG