Достапни линкови

Вонредна седница на Советот на општина Куманово



Советот на општина Куманово, доцна попладнето расправаше за безбедносната состојба во Куманово.
Советниците констатираа дека се работи за сериозно нарушување на безбедноста во градот од одредени вооружени структури за кои нема доволно информации, ниту за тоа колку лица се загинати, а колку повредени.

Советниците усвоија заклучоци со кои се изразува сочувство до семејствата на загинатите, се повикуваат надлежните да постапат согласно Устав водејќи сметка за цивилното население во засегнатото подрачје. Се повикуваат вооружените групи кои ја дестабилизираат општина Куманово да го положат оружјето. Граѓаните да не подлегнуваат под притисоци и да покажат взаемна солидарност.

Се задолжува градоначалникот и надлежните општински служби за згрижување на сите граѓани кои ќе бидат евакуирани и да им достават хуманитарна помош, а МВР да ја обезбеди фабриката за вода Филтер станица Куманово

XS
SM
MD
LG