Достапни линкови

Заев повика на прекин на протестите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска повика на прекин на сите протести, за да се продонесе кон решавање на состојбата која, како што рече, е многу лоша за Македонија.

„Апелирам до сите граѓани да ги скротат гневовите коишто ги имаат во душите, предизвикани од актуелните состојби во Македонија, соопштени преку доказите на опозицијата. Убаво е протестите да престанат иако беа самоиницијативно организирани и тоа го знаат сите многу добро. Во овој период и со мислите и со нашите мудри и паметни идеи, заедно сплотено сите граѓани, да придонесеме кон брзо решавање на оваа тешка состојба што не измачува сите во моментов и којашто е многу лоша за Македонија“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со шпекулациите во јавноста дека ВМРО ДПМНЕ подготвува протест на граѓани пред седиштето на СДСМ, Зоран Заев изјави дека се надева оти тоа е само шпекулација која нема да се потврди.

„Се надевам дека тоа не е така. Доколку е така, тоа е само потврда за мрачно сценарио коешто се подготвувало во Македонија. Опозицијата не е непријател на државата. Сите заедно мораме да бидеме насочени кон решавање на конфликтната ситуација којашто се случува во тоа маало во Куманово и секако сите заедно мораме да гарантираме безбедност и стабилност на државата“, изјави Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG