Достапни линкови

logo-print

Украина:Ослободени киднапираните американски хуманитарни работници


Ukraine -- Volunteers of the Azov Battalion stand in line during a ceremony before being sent to eastern Ukraine, in Kyiv, May 7, 2015

Ukraine -- Volunteers of the Azov Battalion stand in line during a ceremony before being sent to eastern Ukraine, in Kyiv, May 7, 2015

Проруските сепаратисти во источна Украина соопштија дека ослободиле двајца американски хуманитарни работници, кои биле заробени пред 10-тина дена. Се верува дека тие биле меѓу групата од околу 30 вработени во Меѓунардниот комитет за спасување (ИРЦ), а биле уапсени при рацијата на сепаратистите во нивните канцеларии во Доњецк. Во соопштението на шефот на ИРЦ, Дејвид Милибанд се вели дека двајцата уапсени хуманитарни работници сега се на безбедна локација, без да даде подетални инфорамции. „Секој ден светските хуманитарни работници покажуваат голема храброст, преземајќи ризици при секојдневното помагање во кризните ситации. Тие никогаш не треба да бидат цел“, вели Милибанд. Портпаролот на амбасадата на САД во Киев во изјава за АФП, не можеше да го потврди ослободувањето. Лидерот на сепаратистите во Доњецк, Александар Захарченко рече дека двајцата хуманитарци биле ослободени, откако биле уапсени за наводна шпионажа. Тој тврди дека едниот од американските хуманитарци бил агент на ЦИА.

XS
SM
MD
LG