Достапни линкови

Апели за воздржаност од Косово


Куманово .

Куманово .

Косовското Mинистертво за надврошени работи во реакцијата за денешните случувања во Куманово, наведува дека со голема загриженост ги следи „вестите од Македонија за насилни инциденти во неколку локалитети, во кои се инфирмира дека има и жртви“.

„Република Косово остро ја осудува заканата по редот и безбедноста од која било индивидуа или група која има за цел дестабилизација на Македонија. Министертвото за надврошени работи априлира до сите страни да се воздржат од насилство и да изнајдат решение преку политички дијалог, во рамките на инситуциите на земјата и Охридскиот договор, што го гарантира интегритетот на Македонија и исполнување на правата на заедниците“, стои во соопштението на косовското Министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG