Достапни линкови

logo-print

Делегацијата на ЕУ и партии апелираат на смиреност


Мисијата на Европската унија испрати соопштение до јавноста во врска со престрелката во Куманово утринава, во која се повикува на смиреност од јавноста и се бара да се почека да бидат утврдени фактите од страна на релевантните власти.

„Делегацијата на Европската Унија внимателно ги следи извештаите за полициска операција која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите", пишува во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.

И политичките партии апелираат на смиреност.

ДПА во соопштението бара „Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми“.

ДПА, се вели во соопштението, „апелира меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата“.

И Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност, се вели во соопштението од ДС, во кое воедно се апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања.

И од ДУИ претходно апелираат на смиреност и да не се подлегнува на провокации.

XS
SM
MD
LG