Достапни линкови

logo-print

Повредени полицајци и повремени истрели во Куманово


Во Куманово се слушаат повремени поединечни истрели, откако утрово полицијата спроведе акција против воооружена група. Од информациите од итна медицинска помош дознаваме дека засега има повеќе од десетина поведени полицајци.

По утринските пукотници кои ги вознемирија граѓаните на Куманово, кои се случија во Дива населба, состојбата е релативно мирна, со повремени поединечни истрели од огнено оружје, кои се слушаат и во центарот на градот. Од информациите од итна медицинска помош дознаваме дека засега има повеќе од десетина поведени полицајци. Повредените поради сериозноста на повредите, а по првично укажаната помош се транспортираат до Клиничкиот центар во Скопје.

Затоа апелирам до граѓаните и ги замолувам во мое лично име да бидат мирни и да не подлегнуваат на никакви провокации. Овие инциденти се посериозни и од 2001-та кога Куманово како мултиетничка средина, не влезе во конфликт и верувам дека за кусо време состојбата ќе се нормализира.

Сите активности во градот за денеска се откажани, а фирмите и трговските дуќани во западниот дел на градот се затворени. Полициски обезбедувања има на сите стратешки места и движењето на возила и пешаци е ограничено и под полициска контрола. Жителите од населбата во која доминира албанскиот етникум се вознемирени, не им е познато за што се работи, апелираат до своите сограѓани да останат мирни и да не ги напуштаат домовите поради лична безбедност.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вели дека локалната самоуправа од утринските часови ја следи состојбата и според нивните сознанија се работи за вооружени неидентификувани групи лоцирани во тој дел од градот. Тој појаснува дека три часа се водела жестока антитерористичка акција со голем број припадници на МВР.

„Има голем број повредени од припадници на МВР и според сајберски информации и од цивилното население.“

Дамјановски додава дека месеци наназад се најавува фингирана криза во кумановско-липковски регион. Според него во сите контакти со албанскиот етникум, невладиниот сектор и останатите партиско-политички структури во градот сите до еден, не ја оправдуваат оваа состојба и не ги поддржуваат вооружените групи, кои делуваат во оваа населба со тенденција да се прошират и во другите делови од градот.

„Затоа апелирам до граѓаните и ги замолувам во мое лично име да бидат мирни и да не подлегнуваат на никакви провокации. Овие инциденти се посериозни и од 2001-та кога Куманово како мултиетничка средина, не влезе во конфликт и верувам дека за кусо време состојбата ќе се нормализира.“

Дамјановски рече дека граѓаните треба да не подлегнуваат на било какви провокации, да не се вклучуваат на милитантни групи за да не дојде до било каков граѓански конфликт. Сите граѓани се вознемирени и исплашени. На тоа укажува и минимализирана фреквентност во градот, што не е вообичаено за саботен ден.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG