Достапни линкови

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа


Делегација на Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, по повод 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа положија цвеќиња на Партизанските гробишта на градските гробишта во Бутел, гробот на генерал Михајло Апостолски и на Споменикот на ослободителите на градот Скопје.

Како што соопшти денеска град Скопје, цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, здруженија на граѓани и организации.

XS
SM
MD
LG