Достапни линкови

Ден на жалост во Пакистан по хеликоптерската несреќа


Пакистан го прогласи 9 Мај за ден на национална жалост, по хеликоптерската несреќа во која загинаа дипломати. Телата на седумте луѓе кои загинаа во хеликоптерска несреќа во Пакистан, пристигнаа во воена база во близина на главниот град Исламабад. Меѓу загинатите во несреќата се амбасадорите на Филипини и на Норвешка и сопругите на други двајца дипломати. Високи пакистански претставници беа во американската воена база кога пристигнаа ковчезите со телата на загинатите. Во базата пристигнаа и 12 повредени во несреќата. Пакистанските Талибанци тврдат дека тие го собориле хеликоптерот, но официјални лица изјавија дека несреќата била предизвикана од технички проблем.

XS
SM
MD
LG