Достапни линкови

Повремени истрели во Куманово, повредени полицајци


.

.

Повремени поединечни истрели од огнено оружје претпладнето се слушаат и во централното градско подрачје на Куманово, како и во Дива населба. За сега од Хируршкото одделение на кумановската Општа болница информираат дека имало четворица потешко повредени полицајци со прострелни рани и шрапнел, но поради сериозноста на повредите тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Нема информации за евентуални човечки жртви.

Куманово е со голема полициска фреквентност, кон Зелениот пазар и Дива населба, каде што изутрината започнале пукотниците, пристапот е ограничен, повремено надлетуваат хеликоптери и како што велат очевидци било забележано и беспилотно летало. На сите патишта на влез и излез на Куманово има полициска контрола.

Кумановци и натаму се вознемирени. Жителите во Дива населба се револтирани и сметаат дека ова е непотребно, дека не им е познато што се случува и меѓусебно повикуваат на смиреност и соработка со полицијата.

XS
SM
MD
LG