Достапни линкови

logo-print

ДУИ: Конфликтот не е агенда на Албанскиот народ


Демократската унија за Интеграција со голема загриженост ги следи денешните случувања во Куманово и постојано апелира и се залага кај граѓаните за ладнокрвност и да не подлегаат на било какви провокации, се наведува во соопштението на ДУИ. Според нив,денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ како и други, се дејствиа што се во целосна спротиставеност со стратешките определби на Албанскиот народ како во Македонија, така и на Косово, во Албанија, и Прешевската Долина.

„Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на Албанскиот народ во регионот“, се наведува во соопштението.

Понатаму, велат од ДУИ, дека Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД; ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската унија.

Од ДУИ повикуваат сите да покажат голема одговорност во, како што велат,ова многу деликатно време и да се воздржат од понатамошно поттикнување на тешлката ситуација.

XS
SM
MD
LG