Достапни линкови

Русија го одбележува Денот на победата


Во Русија започна одбележувањето на 70 години од победата над фашизмот, со голема воена парада во Москва во која учествуваат околу 16 илјади војници. На парадата на Црвениот плоштад присуствуваат претседателот Владимир Путин, рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу и други високи официјални лица. Во своето обраќање на собирот, Путин се заблагодари на Сојузниците за нивниот придонес во победата,. Повеќе од 20 светски лидери присуствуваат на парадата вклучувајќи го кинескиот претседател Кси Џинпинг. кубанскиот лидер Раул Кастро и јужноафриканскиот претседател Роберт Мугабе. Но, западните лидери го бојкотираат настанот во знак на протест поради руските акции во Украина. Советскиот Сојуз изгуби околу 26 милиони луѓе во војната, повеќе од која било друга земја.

XS
SM
MD
LG