Достапни линкови

И Куманово против полициска бруталност


И Куманово се приклучи на протестите против полициска бруталност. Демонстрантите се собраа на големиот плоштад, а потоа се упатија кон Секторот за внатрешни работи, но таму ги пречекаа распоредени полицајци, без штитови, и не ги пуштија да се приближат кон зградата на станицата. И во Куманово се извикуваше “Нема правда, нема мир“, „Горде дај си оставка“, „Монструм дај си оставка“, „Грујо готов си“. Пред да тргнат од плоштадот кон полицијата, можеше да се забележат неколку момчиња со качулки на главите.

Пред полициската станица демонстрантите седнаа пред полицискиот кордон, а потоа станаа и ја испеаа македонската химна и навивачката песта на „Кумани“, но во преработена верзија, која завршува до стихот „владата паѓа“. Пред крајот на протестот неколку жени од демонстрантите им даваа цвеќе на полицајците, ги гушкаа и бакнуваа. По еден час протест, демонстрантите мирно се разотидоа.

XS
SM
MD
LG