Достапни линкови

Демонстрантите се упатија кон МВР


Демонстрантите откако беа спречени да протестираат пред зградата на Владата, се упатија кон Министерството за внатрешни работи за таму да го изразат својот револт. Претходно полицијата, како и вчера и завчера ги блокираше сите пристапи до владата.

Насобраниот народ скандира „Оставка, оставка“, „Оди си Никола“. Демонстрантите четврти дека протестираат против полициска бруталност, барајќи одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски. Вчера освен пред Влада, им беше забрането да протестираат и пред Јавното Обвинителство.

XS
SM
MD
LG