Достапни линкови

Ултиматум за жителите на засолништето на јеменските бунтовници


Напад во Јемен од страна на шиитските бунтовници

Напад во Јемен од страна на шиитските бунтовници

Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските бунтовници во Јемен им даде рок на жителите на Сада до вечер да го напуштат градот. Сада важи за засолниште на бунтовниците, а коалицијата градот го прогласи за воена зона. Коалицијата воедно им пуштила летоци на жителите со барање за нивно иселување до седум вечерта по локално време, по што ќе следат воздушни напади. Саудиска Арабија претходно соопшти дека била подготвена на пет дневен прекин на огнот со цел да им се даде хуманитарна помош на милиони цивили кои страдаат во конфликтот во Јемен.

XS
SM
MD
LG