Достапни линкови

САД-Грција да не се приклучува на турскиот гасовод


САД ја повикаа Грција да се држи до проектот за гасовод кој ќе испорачува гас од централна Азија до Европа преку земјата, а не да се залага за договор со Русија. Специјалниот претставник на САД за енергетски прашања, Ејмс Хохстејн изјави дека разговарал за ситуацијата со претставници на грчките власти за време на неговата посета на Атина. Според него, двете страни повеќе се согласиле отколку што не се согласиле. Новата грчка влада изрази интерес за приклучување кон турскиот гасовод, кој е поддржан од Русија.

XS
SM
MD
LG