Достапни линкови

ЕК-Нема визна либерализација за Грузија и Украина


ЕК соопшти дека ниту Грузија ниту Украина ќе добијат визна либерализација на Самитот на земјите од источното партнерство, кој треба да се одржи во овој месец. Портпаролот на ЕК за домашни работи, Наташа Бертрауд изјави дека комисијата е свесна оти Грузија и Украина изразиле желба да добијат визна либерализација на претстојниот самит, но тоа е премногу амбициозно во однос на актуелните состојби. Молдавија е единствена земја од шесте членки на источното партнерство, која во 2014 година доби визна либерализација.

XS
SM
MD
LG