Достапни линкови

МВР-Не е во наша ингеренција да го кажуваме сторителот


МВР соопшти дека веднаш по нападот врз претседателот на Општинската организација на СДСМ во Центар и директор на ПОЦ, Саша Богдановиќ било пронајдено и приведено едно од осомничените лица. Според МВР, од извршениот разговор со него како причина за физичкиот напад е наведена претходна расправија околу навивачки групи. Од министерството наведуваат и дека не е прв пат СДСМ да се обиде најподло да манипулира и појаснуваат декане е во нивна ингеренција да кажуваат кој е сторителот на делото.

Тоа, како што порачуваат од МВР го прави судот по оценување на сите докази во судската постапка. МВР јавно го повика портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов доколку има каква било информација или доказ за инволвираност во нападот и на некое од лицата кои ги наведува, да ги достави до најблиската полициска станица.

XS
SM
MD
LG