Достапни линкови

Претепан висок функционер на СДСМ


Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Центар и директор на ПОЦ, Саша Богдановиќ синоќа бил претепан пред неговиот дом. Напаѓачите кои биле маскирани го нападнале и удирале Богдановиќ со метални шипки, при што му нанеле тешки телесни повреди. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов изјави денеска дека поради сериозноста на повредите Богдановиќ е задржан на лекување во Ургентниот центар.

Тој информира и дека на местото на инцидентот се затекнал и полицаец кој успеал да приведе еден од напаѓачите. Од СДСМ бараат ВМРО-МВРО, веднаш да каже кој е сторителот кој е приведен и дали е тоа извесен Младен Додевски. Од партијата прашуваат и дали вториот напаѓач кој побегнал е Никола Митревски-Кољо. Од СДСМ наведуваат и дека двајцата неодамна биле пуштени од затвор и според нивните информации станува збор за дел од лицата кои на протестите против власта се обидуваат да испоровоцираат насилство.

XS
SM
MD
LG