Достапни линкови

Европа ја одбележува победата над нацизмот


Лидери и граѓани низ Европа денеска ја одбележуваат 70 годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората Светска Војна. Во Париз булеварот Шанзелизе беше затворен за сообраќај за да се направи пат до Тримуфалната порта, каде се наоѓа гробот на незнајниот јунак. Американскиот државен секретар Џон Кери и францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус положија венец на гробот. Во Германија претставници на власта се собраа во Парламентот во Берлин на едночасовна комеморација. Во Полска каде започна војната во 1939 година, претседателот Бронислав Коморовски го одбележа денот заедно со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, претседателот на Украина, Петро Порошенко и лидери на други централно европски земји.

XS
SM
MD
LG