Достапни линкови

ЈСП и новинари протестираа пред СДСМ


Претседателот на МАН Слаѓана Димишкова

Претседателот на МАН Слаѓана Димишкова

Во знак на протест неколку автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие се паркираа пред централното седиште на СДСМ. Од ЈСП соопштија дека се одлучиле на ваков протест поради тоа што поддржувачи на СДСМ им ги демолирале автобусите. Во меѓувреме пред СДСМ група новинари протестираа за да изразат револт поради насилството врз нив на протестите, кои како што соопштија биле иницирани од прес-конференциите на лидерот на партија Зоран Заев.

Претседателот на МАН Слаѓана Димишкова изјави дека нападите врз новинарите се недозволиви и доколку се продолжи и понатаму да се протестира и да се практиткува политика на закани и насилство, како што вели, од страна на СДСМ, треба да се замислат и да стопираат со тоа.

XS
SM
MD
LG