Достапни линкови

Средношколците ги повикаа Адеми и Ристовски на средба


Импровизираниот камп на средношколците спроти МОН.

Импровизираниот камп на средношколците спроти МОН.

Средношколците кои ја бојкотираат наставата од понеделник ќе се вратат по еден час во училиштата. Според Средношколскиот пленум, одлуката ја донеле бидејќи, согласно законот, доколку 25 дена неоправдано отсуствуваат ќе бидат исклучени од училиште. Александар Милевски од пленумот на денешната прес конференција изјави дека остануваат на нивните барања, кои се цврсти и одлучни.

Тој пред импровизираниот камп спроти Министерството за образование и наука за го повика ресорниот министер Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски во понеделник во 13 часот да дојдат на средба со средношколците.

XS
SM
MD
LG