Достапни линкови

logo-print

Хан-Кривична и политичка одговорност за случувањата во Македонија


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави во Белград дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решение. Според него, во наредниот период клучно е да се утврди кривична и политичка одговорност за случувањата во Македонија.

Тој по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ порача и дека потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање. Независно од политичарите и политичкиот систем, како што наведува Хан правосудството мора да го проследи случајот и да се погрижи за неговите кривични аспекти.

XS
SM
MD
LG